За првпат и Виница ќе маршира за ангелите од Кочани, маршот започнува во сабота во 17:05 ч.
Во сабота, за првпат и Виница ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и повеќе од 500 повредени во трагедијата што ја потресе јавноста.
Собирот е закажан во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, а маршот ќе започне во 17:05 часот.
Од Здружението „16 март 2025“ велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи сметаат дека вистината и одговорноста предолго се одложуваат, а правдата за жртвите сè уште доцни.
Родителите и поддржувачите нагласуваат дека маршираат затоа што, според нив, симболични казни не можат да бидат правда за ваква трагедија и најавуваат дека ќе продолжат да бараат целосна одговорност.

