За половина денар поскапи бензини, за исто толку поевтин дизелот
Foto

За половина денар поскапи бензини, за исто толку поевтин дизелот

За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,50 проценти во однос на претходно утврдените.

0 Коментари

Остави коментари