За поделената Алијанса за Албанците ќе одлучи судот
За поделбата во Алијанса за Албанците ќе одлучи судот и ние би ги прифатиле сите одлуки, вели Арбен Таравари за поделбата во партијата на две крила, едното чии приврзаници се на неговата страна, а другото во кое се тие на Зијадин Села.
Таравари во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека е нормално секогаш кога во партијата има фракции, секој да се повикува на некои свои аргументи од коишто реално согледува дека има право. Тој вели дека сите факти и аргументи се на нивна страна, но сепак додава дека и другата страна би го кажала истото.
„Оставивме судот да одлучи. Ние би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство“, вели Тарвари.