За отворање на границите ќе се одлучува следната недела
Foto

За отворање на границите ќе се одлучува следната недела

Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Се очекува следната недела координатор на нашето Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.

0 Коментари

Остави коментари