За одморалиштето Суви Лаки кое пропаѓа се чека проценка на вредноста за продажба или издавање под закуп
За детското одморалиште Суви лаки меѓу Струмица и Берово кое со години се распаѓа, министерстовото за труд и социјална политика го чека извештајот од Бирото за судски вештачења за да знае колкава е неговата вредност по што ќе одлучи з анеговата иднина. Дали ќе го продава или издаде под закуп. Министерката Царовска лично е против продажба на државни објекти но се отворени се за било какви инвестиции за да се стават во функција ваквите капацитети.
За детското одморалиште Суви лаки на планината Огражден меѓу Струмица и Берово кое со години е запуштено ќе се прави нова проценка на вредноста на имотот, откако пред 4 години на распишаниот повик не се јави ниту едно заинтересирано лице да го купи.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека се чека извештајот од Бирото за судско вештачење по што ќе се одлучи каква ќе биде иднината на овој објект кој се протега на околу со околу 3500 метри квадратни. Дали ќе се продава или ќе се издава под закуп.
Одморалиштето Суви лаки последен пат беше понудено на продажба во 2015 тата. Тогаш за него со површина од 3500 метри квадратни беа побарани околу 240 илјади евра но немаше заинтересираност. Царовска лично смета дека ваквите бјекти не треба да се продаваат туку да се издаваат под закуп.
Некогаш елитното одмаралиште речиси 30 години не функционира. Сместувачки згради ресторанот, кујната просториите за настава се целосно руинирани и обраснати со трева. Столаријата со водоводнитеи електричните инсталации се демолирани или украдени. Освен Суви лаки во државата има и други одморалиште кои со години се распаѓаат.

