За Мицкоски Европа видела дека проблемот не се уставни измени, за Филипче се случил дипломатски пораз
Првата препрека за нашиот јазичен и културен идентитет ја поминавме, изјави Мицковски откако претпладнево помина извештајот за Македонија во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент - без прифаќање на придавката „модерен“ пред македонски јазик.
Борбата беше голема, но сите видоа дека дека суштината е многу подлабока, а не стотина Бугари во уставот. Дали извештајот ќе помине на пленарната седница не знам, дополни Мицковски. Лично очекувал дека амандманите ќе бидат поднесени од ЕПП сестринската партија на ВМРО ДПМНЕ
Изјава Христијан Мицковски премиер на РСМ
Лидерот на СДСМ пак Филипче за ТВ 24 го поздрави усвојувањето на извештајот, но истовремено оцени дека македонската дипломатија во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент доживеала дебакал. Предлог амандманот за воведување на формулацијата модерен македонски јазик која доаѓа од ЕПП сестринската партијата на ВМРО ДПМНЕ е дипломатска шлаканица и историски пораз. ТВРДИ ПРВИОТ ОПОЗИЦИОНЕР
Изјава Венко Филипче претседател на СДСМ
НА СЛИЧЕН СТАВ И ОД ЕСК КОАЛИЦКСИОТ ПАРТБЕ НА СДСМ , од ДУИ ..ОТАТАМУ ВЕЛАТ ДЕКА ИЗВЕШТАЈОТ Е БУКВАЛНО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ..
ТЕЛОП БУЈАР ОСМАНИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДУИ
Усвојувањето на извештакот на Томас Вајц ја отсликува веќе утврдената преговарачка рамка поддржана и од Бугарија каде Македонскиот јазик и посебноста на етничкиот македонски идентитет е веќе вметната во рамката, а со потпишувањето на ФРОНТЕКС воведена е и директна пракса за употребата на кратенката МКД. Извештајот бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни промени за дополнување на малцинствата.
ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАЈЦ ЈА ДОБИ ПОДДРШКА ОД КОМИСТЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА ПО ВТОРИОТ ОБИД , , ПРВИОТ ПАТ БЕПЕ ОДЛОЖЕН ,. ПРЕМИЕРОТ МИЦКСОККИ ПОБАРА ОД ССДСМ И ОСТАНАТИТЕ ПАРТИ ДА ЛОБИРААТ КАЈ СЕСТРИНСКИТЕ ПАРТИИ.