За една недела 5800 нови случаи

Брзите тестови за КОВИД-19 во поликлиниката Ѓорче Петров кои граѓаните ги плаќаа по 1 000 денари од денеска ќе бидат бесплатни.

Здравствениот дом се договорил со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите кои што беа донирани на Министерството заздравство. Граѓаните кои се тестираа вчера по оваа цена ќе добијат целосен поврат на средствата. Деновиве ќе биде познат процесот на рефундација на тестираните, велат од Здравствениот дом. 

Во меѓувреме неделниот извештај на институтот за јавно здравје покажува алармантни статистики. За само една недела кај 5 800 лица е потврден коронавирусот, со што бројот на позитивни случаи е зголемен за 70,1% во споредба со минатата недела. Најголем дел од новозаразените се помлади на возраст од 30 до 39 години. Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела.  

Според местото на живеење случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Штип и Скопје. 

Според извештајот на ИЈЗ за 23% зголемен е бројот на извршени тестирања.

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.Според категоризацијата на ризикот се проценува дека Македонија е во 4тата фаза што значи широко-распространета трансмисија во заедницата).