За две години откриени 9 случаи на трговија со деца
Foto

За две години откриени 9 случаи на трговија со деца

Сексуално експлоатирани и принудувани на бракови, 9 деца во држава се нашле во прангите на бизнисот на трговците со луѓе.

Во овој бизнис кој денес претставува нов вид на ропство за две години во држават биле идентификувани вкупно 12 жртви, од кои 3 деца само оваа година, додека 63 лица се потенцијални жртви од кои најголем дел се малолетници појаснија денеска претставниците на МВР. Најеклатантна форма на трговија во земјава е детектирана при сексуалната експлоатација.

Од МТСП појаснија дека трговијата со луѓе најмногу ги погодува најранливите, во насока на подобрување на процесот на идентификација и заштита, воспоставени се пет мобилни тима за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе.

Според меѓународната организација за миграции покрај сексуалната експлоатација, се подимнантна форма во регионот и кај нас е и трудовата експлоатација во која се повеќе мажи и момчиња стануваат жртви на трговија со луѓе. 

Сите анализи и извештаи покажале дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси едногласни беа претставниците на домашните институции и невладини организации. Заклучокот беше во насока на тоа дека за да се спречи трговијата со луѓе потрбно е атакување против мотивите на лицата кои што ги вршат кривичните дела, односно удар врз нивниот профит а државата тоа треба да го искористи како инструмент во борбата против ова модерно ропство на граѓаните.

Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 лица, а првопријавениот добил и казна затвор од 17 години додека второ и третообвинетите по 14 години затворска казна.

0 Коментари

Остави коментари