За два дена се одмрзнуваат цените на сите производи кои имаа ограничени цени

Два дена до завршување на мерката за замрзнати цени, кој купил има време да докупи. Министерот за економија кој беше предводник на одлуките, преку анализи воведувајќи, замрзнати цени, денес дециден дека тука завршува периодот на замрзнати цени.

Според Бектеши ваквата одлука следи бидејќи цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво.Па така според Бектеши, инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува и очекува во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто.

Замрзнатите цени беа мета на критики и пофалби. Најчесто за власта беше пофалба во справување со инфлацијата додека за граѓаните популизам кој не придонел за намалување намалени сметки.

За да ги убедат граѓаните дека замрзнати цени се во полза на граѓаните, најчесто премиерот Димитар Ковачевски, министерот Бектеши и пазарниот инспектор, Горан Трајковски се шетаа по однапред договорени маркети, камери ги снимаа додека тие се убедуваа и уверуваа себеси дека мерките се почитуваат, Во тоа пазарење Ковачевски наиде на отпор и соочување со реалноста.

И додека во јавноста одекнуваше револтот кон замрзнатите цени дека немаат ефект по домашниот есап, функционерите стигнаа до повисоки плати за 78 посто, а неколку денови земјата испиша историја со немање на леб како контраст на негодувањата на пекарската индустрија која и се закани со тужба против владата.

Се покажа и дека увозниците на овошје и зеленчук успеале со лажни фактури при увозот на граѓаните да им продаваат по високи цени, а инспекторите се впуштија во акција но според економистите доцна бидејќи увозниците веќе дебело заработиле.

Трговски ланци и маркети пак заработија кривични откако претходно не ги почитувале мерките за замрзнати цени.