За да се исклучиш од системот за парно повеќе не треба согласност од соседите!
Во февруари Уставниот суд донесе одлука дека за да се исклучи некое домаќинство од системот за парно греење во Скопје, не треба да собира потписи од соседите, ниту да изготви елаборат кој чини најмалку 100 евра. И покрај тоа што од одлуката на Уставен поминаа речиси пет месеци, на веб сајтот на Регулаторната комисија за енергетика се уште стојат старите правила. Од „Но пасаран“ бараат итно да се коригира за граѓаните да бидат сигурни во тоа што им следува како право.