За да ја наполните синдикалната кошничка, треба да имате најмалку 60 илјадарки в џеб
Според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната кошничка за мај 2024 година изнесува 60.090 денари и е намалена за 122 денари во однос на април, кога изнесуваше 60.212 денари, а, пак, во однос на март, е повисока за 1.092 денари.
Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за април, синдикалната кошница изнесува 75.465 денари.
Трошоците на едно семејство за храна и за пијалаци во мај изнесуваат 21.689 денари и се пониски за 992 денари споредено со март, кога изнесуваа 222.681 денар. Во структурата на синдикалната кошничка, овие трошоци опфаќаат дури 36,1 насто. Втор и трет поголем трошок за едно домаќинство се издатоците за образование (7.003 денари) и за станарина, вода, електрична енергија и за греење (6.014 денари).
За транспорт, Синдикатот испланирал да се потрошат 5.020 денари, додека за облека и за обувки во мај трошокот е 4.928 денари, за рекреација и култура е 4.378 денари, за одење во ресторани и хотели се издвоени 3.890 денари, а за телефони и Интернет –3.240 денари.