Whitesnake ќе одржат концерт во Скопје
Foto

Whitesnake ќе одржат концерт во Скопје

Whitesnake на нивната турнеја Farewell tour го вклучија и Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 јули 2022 година на стадионот на АРМ.

- Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и земјава, едноставно не е возможен, истакнаа од Аволон Продукција.

„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните Whitesnake што ќе прозвучат на стадионот на АРМ.

- Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”, рече Coverdale по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24 ноември преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

0 Коментари

Остави коментари