Вујовиќ: Вардар е за првпат фаворит на еден меч, но ни треба помош од навивачите
Foto

Вујовиќ: Вардар е за првпат фаворит на еден меч, но ни треба помош од навивачите

Утре од 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ македонскиот шампион Вардар 1961 го пречекува француски Монпелје во рамки на 4. коло од групата А во ракометната Лига на шампионите

На прес-конференцијата на Вардар денеска се обратија тренерот Веселин Вујовиќ и кружниот напаѓач, Французинот Жереми Тото.

„Имам високо мислење за Монпелје, сметам дека е историски тим, достоен за респект, ќе биде исклучително тежок натпревар ќе ни биде потребна сета помош, особено од навивачите. Вардар е во одличен момент досега нема пораз во ЛШ, имам проблем да изберам со кои 16 ќе истрчаме утре затоа што за прв пат немаме проблеми со повреди и сите ги имам на располагање. Вардар е за првпат фаворит на еден меч, иако ќе не чека тежок и интересен дуел. Ми се чини дека Монпелје е домашна екипа, дома играат силно, со поддршка на публика, а на гости поопуштени што мислам дека ќе виде важен детаљ и затоа ни е потребна поддршка од публиката. Знам дека салата не може да биде полна, но јас сакам да играм "7 на 6" ама ако дојде публиката утре ќе играме "8 на 6"... Моите калкулации пред почетокот на сезоната ми даваа 10-12 бода како гаранција за осминафиналето. Уште е рано, доаѓаат тешки дуели, треба цврсто да стоиме на земја и ниту еден меч нема да го предадеме пред да стапнеме на терен", вели Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар 1961.

Пикерот Тото смета дека Монпелје не е лесен противник.

„Мора да одиграме силна одбрана и да бидеме фокусирани. Не можеме да го гледаме поразот од Сесон во француското првенство, затоа што во ЛШ Монпелје го победи Кил, а тоа воопшто не е лесен противник. Имаат брз тим, брзи крила и затоа мора да одиграме силно во дефанзивата. Досега имаме добар резултат се надевам дека ќе ја продолжиме серијата, две недели се подготвувавме за дуелот и мислам дека ќе го дадеме најдоброто од себе“ - изјави пикерот Жереми Тото.

По три досега одиграни средби, „црвено-црните“ се на второто место со 5 бода, со 2 победи и едно реми. ПИК Сегед е лидер во групата со ист број на бодови, но со подобра гол разлика.

Монпелје моментно е петтопласиран на табелата со една победа, едно реми и еден пораз. Во последното коло францускиот тим беше поуспешен од Кил.

0 Коментари

Остави коментари