Вујиќ за ТВ 24: Ваква лаичка работа на Судскиот совет не смееше да се дозволи пред камери
Адвокатот Мирослав Вујиќ во емисијата 24 анализа рече дека вакви драматични состојби имало и порано, но осум судии се таму согласно законот, може да се караат, но да си дозволат една ваква лаичка работа тоа е недозволиво и тоа пред камери.
- Пред јавноста ова да се случи и добро е што денеска го одложија вториот чин на драмата, за да размислат што прават. Ова не е судски совет, на тие 15 луѓе, туку на државата и сите нас. Каква порака праќаме до судиите, дека утре некој судски поротник може го го избрка судијата и да рече дека тој ќе суди. Затоа судиите се срамат зошто една институција кога и еден орган кој е должен да ја контролира нивната работа, си дозволува на ваков начин да се легимитира пред јавноста. - рече Вујиќ.