Вујчиќ: Добро е што банките во Македонија имаат традиционален модел, тоа ги прави помалку изложени на кризи

Банките во Македонија се добро капитализирани и имаат еден конзервативен модел што е добро, бидејќи ги прави да се помалку изложени на кризи, вели гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ.

Во интервју за МИА, Вујчиќ вели дека позитивно е тоа што македонската економија е отворена и треба да се инсистира на тоа.

На краток рок, можеби  ги чувствува влијанијата однадвор, но затоа на среден и долг рок придобивките се поголеми.