Вуцис-Димитров: Договорот од Преспа го отвори патот за пријателство и соработка меѓу двете земји
Foto

Вуцис-Димитров: Договорот од Преспа го отвори патот за пријателство и соработка меѓу двете земји

Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателство, сојузништво и сработка во сите области, по кој веќе чекорат двете соседни земји, ова е пораката што ја испратија претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис и министерот за надворешни работи, Никола Димитров по денешната средба. Шефот на македонската дипломатија Димитров е во дводневна работна посета на Атина, по поканата од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас за учество на академска конференција по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии на атинскиот универзитет Пиреас.

0 Коментари

Остави коментари