Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“
Foto

Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, денеска на видео конференција ќе разговараат за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.

Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на состанокот да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

- За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Со ова ќе се обезбеди повеќе работна сила во Србија која недостасува, рече Вучиќ.

Иницијативата „Мал Шенген“, која во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше иницирана во Нови Сад во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.

Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

0 Коментари

Остави коментари