Вучиќ: Северна Македонија ќе биде мост меѓу Србија и Грција
Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во Европската унија е единствениот начин на кој може да се задржи мирот во целиот регион, порача Јоханес Хан во интервјуто за германскиот весник „Ханделсблат“. Иако не постои прецизен датум, како што вели еврокомесарот, сепак 2025 година е потенцијална година за пристапување на земјите со најголем напредок.
„Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка.“ - изјави Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсбад“.
Во однос на исполнувањето на критериумите за пристапување, во моментов Србија и Црна Гора се најблиску, но, како што вели Хан, по решавањето на спорот со Грција околу името, Македонија има добри шанси да продолжи напред. А премиерот, Зоран Заев, во изјава за грчката телевизија ЕРТ вели дека е оптимист во врска со договорот од Преспа. Тој изрази и надеж дека двата парламента ќе го ратификуваат договорот, за што, според македонскиот премиер, потребна е храброст.
„Јас сум оптимист. Не знам што ќе одлучи нашиот парламент овде скопје, но јас работам на тоа затоа што верувам во тоа. Не знам што ќе се случи и во грчкиот парламент, но се надевам дека и двата парламента ќе покажат храброст. Само храброст. Не само храброст, туку и одговорност. Знам дека постигнавме огромен напредок, и ако двата парламента го ратификуваат, тоа ќе биде навистина голем напредок.“ - изјави Заев.
Преспанскиот договор беше една од темите на разговор на средбата меѓу Александар Вучиќ и Алексис Ципрас која се оддржа денеска во Белград. За Српскиот претседалел, од исклучителна важност е во целост да се спроведе договорот меѓу Скопје и Атина.
„Тоа би значело дека Република Северна Македонија би била еден вид на мост помеѓу Србија и Грција и дополнително приближување на Белград и Атина. Знаеме дека тоа не е лесно ниту едноставно.“ - изјави Вучиќ.
Вучиќ вели и дека на двете земји останува да го надминат спорот и дека Србија не сака да се меша во внатрешните работи на своите соседи.