Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите задолжени за енергетска стабилност на Србија
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево ќе има вонредна средба со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на државата, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Средбата ќе биде затворена за јавноста и ќе се одржи во 10:30 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
Одржувањето на тој состанок е во момент кога Србија чека одговор од американските власти на барањето за издавање посебна работна лиценца, додека траат преговорите за продажба на рускиот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) што е под санкции од САД поради мнозинска руска сопственост.
Компанијата на 19 ноември соопшти дека поднела барање до САД за нова лиценца за работа, додека преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни за промена на сопственичката структура продолжија.
Американските санкции врз НИС стапија во сила на 9 октомври по неколку одложувања, а за нивно отстранување се бара излез на руската сопственост.
Сопственичката структура на НИС се промени неколку пати, но компанијата се уште е во мнозинска руска сопственост со 56,15 проценти. Ако нема и денеска одговор - рафинеријата и официјално ќе престане со работа.

