Вучиќ: Не го затвораме цел Белград
Foto

Вучиќ: Не го затвораме цел Белград

Од 23 до шест часот наутро две недели ќе бидат затворени ноќните клубови, сплавовите, кафулињата и студенстските домови во Белград, ова се новите мерки кои вечерва ги соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ по растот на бројот на заразени лица со Ковид- 19. 

-Би сакал да има поповолна ситуација. Белград е најголем проблем, 82,5 отсто од заразените се во престолнината. Сите останати места се под контрола, што е помалку или повеќе очекувано и вообичаено. Владата утре ќе донесе одредени мерки. На две недели ќе ги затвориме ноќните клубови, тие нема да работат од 23 до 6 часот наутро. Истото тоа ќе важи и за кафулињата. Студенските домови ќе ги затвориме.

Вучиќ истакна дека од понеделник ќе почнат со казни за оние кои не носат маски во јавниот градски и меѓуградски превоз, како и во трговските центри. Казните ќе се движат околу 6.000 динари. 

Во последните 24 часа во Србија се тестирана од коронавирус 9.013 лица, од кои 359 се позитивни, додека починати се шест пациенти.

0 Коментари

Остави коментари