Вучиќ: Не гледам решение за Косово, никој и не го нуди
Foto

Вучиќ: Не гледам решение за Косово, никој и не го нуди

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека во овој момент не гледа статусно решение за косовското прашање што Србија би го прифатила и подвлече дека досега никој и не го понудил.

На констатацијата дека постојат двајца американски пратеници за косовското прашање, и дека сега и ЕУ најавува свој, Вучиќ кажа дека не знае кој што ќе биде.

-Се сомневам и песимистичен сум околу прашањето на договор. Секогаш ќе бидеме за компромис, но во овој момент јас не го гледам, нагласи Вучиќ.

 

Тој кажаи дека наскоро ќе има телефонски, а можеби и директен, разговор со германската канцеларка Ангела Меркел,  а ќе се види и со рускиот колега Владимир Путин, за кој вели дека искрено верува дека ќе биде искрена и пријателска средба.

0 Коментари

Остави коментари