Вучиќ: Не е ден ‘Д’, но беше добар ден“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат составен дел од преговарачката рамка на двете страни. Формирањето на Заедница на српски општини на Косово останува приоритет, тврди српскиот претседател.
„Имам трошка на задоволство, а имавме пристоен разговор и покрај бројните несогласувања“. „Денеска требаше да го договориме имплемантациониот план. Договор постигнавме, ова нема да биде се. Овие неколку точки кои ги договоривме, тие ќе бидат дел од преговарачкиот рамка за двете страни, како за Белград така и за Приштина. Тоа што исто така е важно во рамка на тоа што се договоривме, е дека ЕУ во процесот кој е долг и обемен. Процесот не завршува денеска, туку денеска почнува. ЕУ ќе процени кој колку направил од имплементациониот план, кој мора да биде проширен, иако мене нема да ми смета да остане ваков. За нас од големо значење е тоа што приоритетна обврска е ставено формирање на заедницата на српски општини и тоа во склад на претходно постигнатите договори во рамка на дијалогот. Морам да кажам дека сум за тоа задоволен“, кажа Вучиќ.
Се осврна и на тоа што ќе каже Курти, па Вучиќ по средбата додаде: „Албанската страна знам дека и вечерва ќе инсистира и зборува за тоа дека не сум потпишал ништо. Јас сум ставил до знаење, што се нашите црвени линии. Мислам дека ако ништо друго, направивме помрднување на работите во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто работиме. Не е ден ‘Д’, но беше добар ден“.