Вучиќ најавува амнестија за приведените за упадот во РТС, но не за насилниците, опозицијата вели протестите продолжуваат
Српскиот претседател ќе ги помилува сите оние кои беа уапсени за време на протестот, но само ако тоа го побараат, откриваат српските медиуми. Помилувањето сепак нема да важи за оние кои во зградата на Радио-телевизија Србија влегоа со моторна пила и им се закануваа на новинарите а исто така нема да помилувани ниту пак лицата кои нападнаа преставници на полицијата пред зградата на претседателството на Србија.
„Тие што ќе побараат помилување ќе бидат ослободени. Сепак, претседателот нема надлежност за постапките кои се водат во судот.“ - објави српската агенција Тањуг повикувајќи се на извори од кабинетот на Вучиќ.
Српскиот претседател претходно порача дека е подготвен да разговара за инцидентот што се случи во Радио Телевизџија Србија, но одби да преговара со дел опозициски политичари.
„Не можам да се занимавам со нив, ме чека важна недела, најважно е да нема насилство, сите што ќе го направат, ќа одговараат.“ - изјави Александар Вучиќ.
Претставниците на Сојузот за Србија ги повикаа надлежните веднаш да ги ослободат сите кои беа уапсени за време на протестите. Еден од лидерите на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, напомена дека акцијата за упад во Радио Телевизија Србија не била планирана и ја обвини полицијата дека прва ги нападнала демонстрантите.
„Доколку претседателот Вучиќ не ги ослободи овие луѓе ние ќе организираме мирни протести пред претседатеклството на Србија. Тоа е единствениото место каде што според уставот и законот тие можат да бидат ослободени. Тоа е главниот предуслов. После тоа можеме да продолжиме да разговараме и да видиме дали во оваа земја има барем малку разум кај оние што се на власт.“ - изјави Драган Ѓилас.
Лидерите на Сојузот за Србија реагираа на изјавата на Александар Вучиќ за Македонско сценарио и порачаа дека ваквите изјави не водат никаде а Зоран Лутовац од Демократската Странка напомена дека тие се залагаат за искрена политика на доборососедство. Лидерот на Српската Левица Борко Стефановиќ пак напомена дека упадот во македонското собрание го извршиле луѓе кои се блиски на Груевски, кој пак личен пријател на Александар Вучиќ.
Попладнево заврши протестниот собир на учениците од Филолошката гимназија во Белград а демонстрантите побараа во рок од 48 часа да биде ослободен Павле Цвејиќ и да биде избришано неговото досие. Средношколците истакнаа дека доколку тој не биде ослободен повторно ќе има протест на кој ќе учествуваат учениците од сите училишта во градот.
Од Европската унија пак велат дека учеството во демонстрации е суштинска вредност на демократијата, но тие треба да бидат во рамките на законот.
„Додека правото на граѓаните да учествуваат во мирни демонстрации останува суштинска карактеристика и основна вредност на демократијата која мора да се почитува, протестите треба да останат мирни, како што беа и пред викендот“.
Меѓународната, како и Европската федерација на новинари го осудија упадот на демонстрантите во зградата на Српскиот радио телевизиски сервис. Во сооппштението кое беше објавено на нивните интернет страни, тие побараа од сите засегнати страни да ја почитуваат независната уредувачка политика на телевизијата.