Вучиќ најави изградба на гасовод и кон Северна Македонија

„Ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме да градиме гасни интерконектори кон Република Српска и воопшто кон БиХ“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска е домаќин на претседателите на Бугарија, Румен Радев и на Азербејџан, Илхам Алиев, по повод пуштањето во употреба на гасната интерконекција Србија-Бугарија, најави изградба на гасовод и кон Северна Македонија.

„Гасна и воопшто енергетски инфраструктури ќе градиме и во иднина, што е влезено и во планот на (еврокомесарот Оливер) Вархеји. Ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме да градиме гасни интерконектори кон Република Српска и воопшто кон БиХ“, рече Вучиќ.