Вучиќ: Лавров ја кажа вистината дека Западот ја измами Србија по потпишувањето на Бриселскиот договор

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Дубаи изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ја кажал вистината, „дека Западот ја измами Србија по потпишувањето на Бриселскиот договор“.

Лавров ги дефинираше тие работи со извонредна точност и прецизност, изјави Вучиќ за ТВ Пинк. На новинарско прашање како гледа на изјавата на Лавров дека Србија не може да влезе во ЕУ и да отвори ново поглавје доколку не и воведе санкции на Русија, односно не се усогласи со надворешната политика на ЕУ, Вучиќ изјави дека Лавров зборувал и за многу поважни работи за Србија и за српскиот народ.

- За жал, ние Србите не сакаме да слушаме што велат другите, ниту кога доаѓа од запад, ниту кога доаѓа од исток. Би сакале да слушнеме ад хок негативно или позитивно мислење за политичарите што ги сакаме или не и тоа е се. Во суштина, Сергеј Лавров кажа се вистинито. Зборуваше за многу важни работи за Србија и како тоа функционираше од 2013 година и како ја измамија нашата земја по Бриселскиот договор. За да се постигне нешто што треба да се исполни, тогаш само тоа не би се исполнувало и тогаш на Србите да им се каже, е па ете 10 години не се исполни тоа, па ќе добиете двојно помалку од тоа што сте го побарале. Тоа е точно, тоа така се случува, изјави Вучиќ.