Вучиќ и Брнабиќ ја осудија одлуката на австралискиот суд за визата на Ѓоковиќ
Foto

Вучиќ и Брнабиќ ја осудија одлуката на австралискиот суд за визата на Ѓоковиќ

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ денеска ја осудија одлуката на австралискиот суд за укинување на визата за првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи ја бесмислена и скандалозна.

Австралискиот Федерален суд утринава ја потврди владината одлука да ја укине визата за Новак Ѓоковиќ, со што ја згасна надежта на невакцинираната српска тениска суперѕвезда да го освои Австралија опен и рекордни 21 машка Грен слем титула.

Вучиќ одлуката ја оцени за „бесмислена“ и кажа дека австралиските власти се „понижени“.

-Тие мислат дека со таквата одлука го понижиле Новак Ѓоковиќ. Со неа се понижија сами себе, изјави Вучиќ, по гласањето на референдумот, додавајќи дека накратко се слушнал со Ѓоковиќ и го охрабрил.

„Ѓоковиќ може да се врати во својата земја со крената глава и на сите да им погледне во очи“, додаде Вучиќ.

Српскиот претседател оцени дека австралиските власти 10 дена го малтретирале српскиот тенисер за да му го врачат решението иако уште од првиот ден знаеле дека ќе му го достават.

Премиерката Брнабиќ, пак, изјави дека одлуката на австралискиот Федерален суд е скандалозна.

-Мислам дека тоа е скандалозна одлука, разочарана сум, мислам дека покажаа како функционира владеењето на правото во некои други земји или како владеењето на правото не функционира. За мене е неверојатно што имаме два сосема спротивни судски одлуки за само неколку дена и 11 дена физичко и психичко малтретирање, изјави Брнабиќ.

0 Коментари

Остави коментари