Вучиќ: Ако на протестите има насилство тоа ќе трае толку кратко, што секој добро ќе ја разбере пораката на државата“
Foto

Вучиќ: Ако на протестите има насилство тоа ќе трае толку кратко, што секој добро ќе ја разбере пораката на државата“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Нови Сад порача дека властите повеќе нема да дозволат насилство на протестите, како она од минатата сабота, додавајќи да доколку сепак дојде до насилство тоа ќе трае „толку кратко, што секој добро ќе ја разбере пораката на државата“.

„Имате работа со двајца тајкуни, кои брзаат да ги обноват своите финансии со грабеж на државниот имот и со еден фашист. Сега повеќе не сметам на разумот на фашистот Обрадовиќ и тајкуните  Ѓилас и  Јеремиќ и ќе ги преземеме сите мерки. Има само една работа што може да ја направат за да дојдат до власт, а тоа е да ме убијат. Еве кажете ми кој е другиот начин да ме убиете: под еден е убиство и под два се избори. Би било нормално тоа да се избори, но тие знаат дека луѓето не ги сакаат. Што им останува како втора опција? Немојте да го лажете народот дека тоа ви се собирите“ - рече Александар Вучиќ – претседател на Србија

А, „Еден од пет милиони продолжува“ и овој викенд во Белград и во уште десеттина други српски градови. Демонстрантите синоќа ги повторија барањата за оставка на највисоките носители на власта во Србија, за одржување на слободни и фер избори  како и за смена на раководствата на јавните сервиси РТС и РТВ и беше искажана поддршка на приведените демонстранти.

Во обраќање на протестот во Нови Сад, познатиот новинар Срѓан Шкоро го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да поднесе оставка на функцијата. Тој нагласи дека пред 30 години додека авионите на НАТО „уништувале се и додека српските граѓани ги пребројувале ранетите и жртвите“, Вучиќ ја мерел „квадратурата на својот стан“.

„Вучиќ времето ти истече, пакувај си ги куферите...Денес со помош на оние што не бомбардираа, тој ја ограбува оваа земја. Обработливите површини се продаваат на Арапи и криминалци. Нема да може повеќе така“ - порача Срѓан Шкоро – новинар.

За вечерва во Белград пак се најавени нови протести кои се очекуваат во тензична атмосфера.

0 Коментари

Остави коментари