Второ полувреме на Интерлагос: Казна за Хамилтон наместо трето – седмо место!
Foto

Второ полувреме на Интерлагос: Казна за Хамилтон наместо трето – седмо место!

Луис Хамилтон доби казна по завршувањето на трката за големата награда на Бразил, поради инцидентот со Алекс Албон во претпоследниот круг.

По повеќекратно прегледување на инцидентот, стјуардите пресудиле дека Хамилтон е болидот кој предизвикал контакт и со тоа го оштетил Албон, па ќе добие казна од пет секунди на неговото финално време.

Тоа значи дека наместо 6.1 ќе му се смета дека зад победникот задоцнил 11.1 секунди и наместо трето, официјално ќе добие пласман на седмото место. Автоматски тоа значи дека сега трето место и подиум ќе му се брои на Карлос Саинц од Мекларен, кој, патем, стартуваше 20-ти.

По една позиција напредуваат и Раиконен и Џовинаци од Алфа Ромео, како и Даниел Рикардо од Рено.

0 Коментари

Остави коментари