Втора жртва од коронавирусот на Истокот, прва во Штип
Foto

Втора жртва од коронавирусот на Истокот, прва во Штип

Прва жртва во Штип, втора во Источна Македонија од коронавирусот. Почина 81 годишна жена. Случајот за ТВ 24 го потврдија од Центарот за јавно здравје. 

Жената пред десетина дена беше хоспитализирана на Инфективното одделение и првично беше лекувана од пневмонија бидејќи првиот тест за корона и беше негативен. Таа беше испратена на Инфективната клиника во Скопје, но подоцна пак беше вратена во штипската Клиничка болница. 

На иницијатива на семејството и беше земен нов брис, по што се покажа дека е позитивна на Ковид 19, а по повторното влошување на здравствената состојба пак е хоспитализирана во Скопје. 

Поради контактот со неа речиси сите вработени на Инфективно оделение од Штип завршија во домашна превентивна изолација. Дома 14 дена остануваат двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари. На одделението ќе помага лекар инфектолог од Струмица, а медицинските сестри ќе ротираат од други одделенија. 

Директорот на Клиниката болница пред неколку дена рече дека има доволно заштитна опрема и медицинскиот персонал треба да ја користи според протоколите.

На инфективното одделение во Штип во моментот се лекуваат пет пациенти со Ковид 19. Двајца од Штип и тројца од кочанскиот регион. На одделението се хоспитализирани уште четири сомнителни случаи што чекаат резултати од тестирањата.

0 Коментари

Остави коментари