Втора вечер на Евровизија, Србија и Црна Гора не влегоа во финалето
Втората вечер на изборот за Песна на Евровизија го отвори Австралија, а по неа следуваа Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Данска, Чешка Република, Луксембург, Израел, Србија и Финска.
Втората вечер беше најнеизвесна поради настапот на израелската претставничка Јувал Рафаел која пробата била пречекана со многу свирежи и публиката извикувала повици за ослободување на Палестина. Нејзиниот настап помина без индиценти во салата.
Откако со Финска заврши официјалниот дел на натпреварувањето, започна гласањето. Во делот на шоу програмата беа изведени и четири песни од натпреварот во 2020, кога за прв пат во историјата Евровизија не се одржа заради корона пандемијата и сите песни тогаш беа презентирани на интернет и немаше победник.
Во финалето се пласираа Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Латвија, Малта и Грција.
Годинава ниту една од балканските земји не влегоа во финалето.