Втора пол-позиција во кариерата на Ферстапен
Foto

Втора пол-позиција во кариерата на Ферстапен

Макс Ферстапен ќе стартува прв на утрешната трка за големата награда на Бразил.
 
Холанѓанецот од Ред бул ја потврди благата фаворитска улога која му ја дадоа во пресрет на овој викенд возејќи 123 илјадитинки побрзо од Себастијан Фетел од Ферари кој заврши втор. Луис Хамилтон во последните мигови од квалификациите се избори за третата позиција, а четврто време оствари Шарл Леклер.
 
Сепак, помладиот возач на Ферари ќе стартува десет позиции поназад, од 14. место, затоа што заработи казна поради промена на моторот. Оттука, Ботас ќе биде четврти, Албон петти, а Гасли ќе го дополни третиот стартен ред.

0 Коментари

Остави коментари