Втора концертна сезона на НУ Камерен оркестар на Битола

Националната установа Камерен оркестар на Битола својата втора концертна сезона ја концертот „Музичка поезија“ на кој настапи младиот и талентиран виолинист Леонардо Димоски.

На концертот во битолскиот Офицерски дом, Димоски, ја изведе блескавата и емотивна „Поема за виолина и оркестар“ од Ернест Шосон, информираа од НУ Камерен оркестар на Битола.

Пред аудиториумот во Битола, членовите ја оркестарот под водство на диригентот Горјан Стојановски ги изведоа и италијанската опера „Кавалерија Рустикана“, потоа „Сент Пол“ на Густав Холст, старата англиска песна „Гринсливс“,  тема за која се верува дека е напишана од самиот крал Хенри VIII во чест на неговата сакана Ен Болејн, а концертот заврши со „Серенада за гудачки оркестар“ од Едвард Елгар.

НУ Камерен оркестар на Битола од неодамна ја менаџира новиот в.д. директор Љупчо Милевски, посочија од таа национална установа.