Втор триумф на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2

Кошаркарите на МЗ Скопје Аеродром ја забележаа вчера втората победа во регионалната АБА 2 лига, совладувајќи го на гостински терен Тиват со 70-65 во рамки на 5 коло во групата А.

Македонскиот шампион уште пред гостувањето во Црна Гора остана без шанси за пласман во плејофот, откако Цедевита триумфираше над Хелиос и со тоа овие две екипи ги потврдија првите две места во групата.

Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва беа Брандон Слај и Марко Баковиќ со по 14 поени.

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја заврши групната фаза на третото место во групата А во која во последниот натпревар без резултатско значење ќе игра против Цедевита на 19 декември на домашен терен.