Втор смртен случај на западнонилска треска
Западнонилската треска ја однесе и втората жртва во земјава. Почина 72-годишен пациент, кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и имал сериозни невролошки компликации, потврди директорот на клиниката Фадил Цана.
Цана информира дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани 24 пациенти. Кај 19 од нив лабораториски е потврден вирусот на западнонилската треска, додека кај шест пациенти се чекаат резултатите од испитувањата. Седум пациенти се во потешка здравствена состојба.
Ова е втор потврден смртен случај од западнонилска треска во земјава. Претходно почина 83-годишен пациент, кој, исто така, имал претходни коморбидитети.

