Втор круг општински избори во Франција за избор на градоначалник во 4.820 општини
Foto

Втор круг општински избори во Франција за избор на градоначалник во 4.820 општини

Вториот круг од општинските избори во Франција се одржува а со два главни влогови: излезеноста на гласачите при здравствена криза и во очекување на пробив на зелените  во неколку големи градови.

Ова гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, заради епидемијата поради коронавирусот, гласачите се  повикани да гласаат денес  за вториот круг од општинските избори во 4.820 општини , скоро три и пол месеци по првиот.

Од овие „вонредни“ денес се опфатени  повеќе од 157000 кандидати и 16,5 милиони избирачи, тие се одржуваат под засилена здравствена заштита со носење задолжителна маска на избирачките места, хидроалкохолен гел и приоритет за гласање за ранливите лица.

Гласањето се одржува во 15% од општините, меѓу кои и големите градови како Париз, Лион, и Марсеј, каде што советите не беа целосно избрани на 15 март. Вториот круг главно се однесува на градовите, бидејќи руралните комуни масовно ги завршија изборите во првиот круг.

Првиот предизвик на изборите  ќе биде проблемот со учеството, по падот на првиот круг, кога помалку од половината од избирачите  (44,3% наспроти 63,5% во 2014 година) излегоа да гласаат заради ризик од зараза.

По кампањата, честопати ограничена само на социјалните медиуми, за денес повторно се најавува масовна апстиненција. Скоро шеесет отсто од французите  може да не излезат на гласање, според неколку анкети. Уште поголем процент отколку во првиот круг. Но, многу гласачи се одлучуваат да излезат во последен момент.

0 Коментари

Остави коментари