Втор јавен состанок на АВМУ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе одржи јавен состанок на директорот Зоран Трајчевски ќе ги презентира спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ.
Ова е втор јавен состанок на АВМУ за годинава, а ќе биде презентирано и истражување на тема „Жени и мажи пред камерите: Родова (не)рамноправност на националните ТВ канали во ударен термин“ од страна на Николина Стојановска и Кристина Живковски од маркетинг агенцијата Маркет Вижн.