Втор јавен повик за општините да аплицираат за проекти поддржани со парите од унгарскиот кредит

Следната недела ќе биде објавен вториот повик за финансиска подршка на општините за капитални и инфраструктурни проекти во износ од околу 250 милиони изјави Министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Општините имаат рок до крајот на април да ги поднесат проектите кои ќе сакаат да бидат поддржани со пари од централниот буџет.  

„Право на учество имаат сите единици на локалната самоуправа, кои можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од различни области, односно од областа на:

• култура

• спорт

• животна средина

• патна инфраструктура (Министерство за транспорт и врски)

• социјална политика

• образование“

- Златко Перински министер за локална самоуправа

Ресорниот министер  посочи дека во однос на вториот повик, критериумите за учество ќе бидат речиси исти како и за првиот. Колку проекти ќе бидат одобрени од централната власт ќе зависи од бројот на жители кои ги има дадената општина, секако со поднесена целокупна документација. 

Според информациите на првиот повик финансиска поддршка владата одобрила  288 проекти во 78 општини, со вкупна вредност од над над седумдесет и три  милиони евра, од кои 251 проект се со склучен договор или во завршна фаза,педесетина се во тек, додека за 37 проекти се очекува тендерска процедура. 

Оваа помош на општините од страна на власта за реализација на капитални проекти  се случува во година кога се предвидени локални избори. Дел од експертите веќе препознаа политички маркетинг. Според очекувањата, најголемиот дел од проектите ќе бидат завршени во очи изборите за нови градоначалници. Најголемиот дел од проектите се реконструкции и изградба на локални патишта, односно расфрлање на нов предиозборен асфалт.