Втор извештај на известувачот Вајц: Македонија мора да испорача реформи
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го презентираше годишниот Нацрт-извештај за напредокот на Македонија.
Во документот се нагласува дека е потребна итна и засилена политичка волја за надминување на застојот околу уставните измени, а процесот на пристапување и понатаму ќе остане заснован на заслуги и директно поврзан со напредокот во фундаменталните принципи, особено владеењето на правото...

