Втор ден Велигден

Христијаните денеска го слават втор ден велигден или велигденскиот понеделник, со кој започнува светлата недела. Бидејќи велигден се слави три дена, велигденскиот понеделник или наречен светол понеделник е втор ден на славење.

Воскресението Христово беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а вчера и денеска се одржуваат воскресенски литургиии.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!на гробот, бидејќи овој ден е посветен на покојникот.