Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот на буџетот што започна вчера. 

Главната цел на измените, како што посочуваат од Министерството за финансии, е да се обезбеди непречено извршување на буџетот во услови на позитивни економски трендови и динамика на реализација, со цел навремено и ефикасно финансирање на сите програмски определби, обврски и капитални инвестиции.

Со ребалансот се врши определба на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а се обезбедени дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.