Втор ден од конференцијата „Вештачка интелигенција – предизвици и можности за медиумите и демократијата“
Foto

Втор ден од конференцијата „Вештачка интелигенција – предизвици и можности за медиумите и демократијата“

Министри, други претставници на земјите-членки на Советот на Европа и пошироко, денеска се очекува да усвојат финална декларација и четири резолуции што се однесуваат конференција на тема „Вештачка интелигенција - предизвици и можности за медиумите и демократијата“, која почна вчера соопштија од Министерство за информатичко општество.

Ова конференцијата е форум за министрите да разговараат и да се согласат за активностите што треба да се преземат за справување со влијанијата на дигиталните технологии врз слободата на изразување, промена на медиумското опкружување и неговото влијание врз демократските процеси, како и да се обезбеди одржливост и заштита на слободата на изразување во време на криза.

Министерството за информатичко општество и администрација, во наредниот период ќе ја разгледа потребата од релевантни законски измени со цел нашата земја да биде во чекор со најновите случувања и предизвици од онлајн димензијата на слободата на медиумите.

0 Коментари

Остави коментари