Втор ден блокада на Собранието
Foto

Втор ден блокада на Собранието

Негодувања за одредени законски решенија кои власта сака да ги донесе а опозицијата се обидува да ги блокира откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе е во вториот ден од активната блокада на законодавниот дом.

Различни ставови и гледишта и за тоа кои закони треба да бидат приоритет и да се најдат како точки погоре на дневниот ред на пленарната седница. Ниту денеска расправата со собранискиот спикер Џафери и пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не изостана. Опозицијата во офанзивца на активна блокада пратениците на СДСМ бараат нивните колеги да се откажат од платите и привилегиите кои ги имаат како народни избраници.

Од собраниската говорница во прес центарот на законодавниот дом за блокадите се огласи и лидероит на Алијанса за албанците Села кој пак вели легитимно е правото на блокада и вакво делување на ВМРО-ДПМНЕ но тие имаат своја стратегија за тоа како до промена на власта . Велат мора во собранието да се спречи носењето на штетни закони со дебата .

Расправата за блокадата на собранието се префрли и во партиските седишта откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска од таму си упатија критики за тоа кој води деструктивни а кој коруптивни политики .

Опозицијата останува на својот став дека активните блокадите ќе траат со до определувањето на датум за предвремени парламентарни избори, од Бихаќка пак и денеска со порака тие ќе бидат во редовниот термин.

0 Коментари

Остави коментари