Вртоглави цени
За 3,5% се зголемени трошоците за живот во октоври во однос на истиот месец лани објави Државниот завод за статистика.
Зголемување на трошоците статистичарите забележале кај храната и безалкохолните пијалаци за 3,3% алкохолните пијалаци, тутун 9.4%, трошоците за здравствената заштита се зголемени за над 5,%, а позначителен раст на трошоците граѓаните имаат при посета на ресторани и хотели и тоа над 10 отсто, како и при набавка на зеленчук 12 отсто.
Драстично поскапување има и на минералната вода безалкохолни пијалоци и соковите од овошје и зеленчук и тоа за над 12 отсто. Идентично поскапување има и кај кафето, чајот, и какаото. Од статистика прсметале и дека на месечно ниво има минимално намалување на трошоците од 0,7 отсто.
Трошоци за живот
Храна и безалкохолни пијалаци 3,3%
Алкохолни пијалаци , тутун и наркотици 9,4%
Здравствена заштита 5,1%
Ресторани и хотели 10,07%
Зеленчук 11,9
Минерална вода , безалкохолни пијалаци, сокови од овошје и зеленчук 12,1
Кафе чај и какао 11,8
„Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2%, Ресторани и хотели за 1.5%, Рекреација и култура за 0.9%.“ - Државен завод за статистика.
Извештајот покажува дека на годишно ниво цените на мало се зголемени за 3,9 отсто а пак на месечно ниво има намалување за 0,1 отсто. Граѓаните пак, велат дека владината мерка за подобрување на куповната моќ на граѓаните донела многу мали резултати и веднаш по завршувањето цените на производите повторно се покачиле.
„Исто колку што си беа порано, нема ништо порано од тоа што ги намалуваа цените. Овдека до пред некој ден 36денари баничка одма кога укинаа законот се врати на стара цена 40 одма.“
„Високи и тоа баеѓи се високи. Некња купувам зејтин беше 72 сега е 80 тоа е цените се за нигде никаде.“
„Цените се огромни, цените се во ваздух ништо друго.“
„А цените на храната нонстоп растат, еве пред два дена гледам нови цени, се издржува ако имаш додатни примања.“
Од Сојузот на синдидактите на македонија велат дека во ред е владата да носи мерки за граѓаните но тие треба да бидат издржани и подолгорочни.
„Мислам дека ваквите мерки треба да бидат подолгорочни со поинакви методи на донесување на вакви одлуки и нормално да се разговара и со синдикатот, работодавачите и со владата и министерствата кои што се задолжени за оваа проблематика.“ - ССМ Љупчо Радовски.
Пред неколку дена СДСМ најави дека до собранието ќе поднесе мерка за укинување на ДДВто на основните прехрамбени производи. Но од влатата соопштија дека нема да го подржат тој закон, со образложение дека понуденото законско решение имало низа грешки и како такво не може да влезе во собраниска процедура.