Врнежливо и посвежо
Foto

Врнежливо и посвежо

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 литри на квадратен метар) и проследени со засилен јужен ветер, особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и засилување на ветерот. Попладне, врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

0 Коментари

Остави коментари