Врнежите од дожд предизвикаа поплави во Кочани и Чешиново-Облешево
Foto

Врнежите од дожд предизвикаа поплави во Кочани и Чешиново-Облешево

Врнежите од дожд предизвикаа поплави во кочанско. Дождот  ги преполни каналите за фекална и атмосферската вода. Поради тоа настрада централното подрачје на Кочани.

Поплавени се куќи во неколку населби, но најмногу настрадаа селата Горни и Долни Подлог. Таму освен во куќите водата влезе и во амбарите и ја уништи складираната пченица и сточната храна.

Испратена е целата расположива механиизација. Помош има и од приватни компании.  Пресечен е патот меѓу селата Горни и Долни Подлог за полесен истек на водата. Остечени се и жителите на Мојанци. Претпладнево поради пробивањето на голем канал во месноста Слатино водата повторно дојде до селата Горни и Долни Подлог.

Мештаните  вината освен во природата ја бараат и во сопствената неодговорност.

Дождовите ја оштетија и водоводната мрежа поради што неколку часа без вода за пиење беа делови од Кочани. Од синоќа има и повремени прекини на електричната енергија. Од врнежите настрадаа и селата Чешиново и Облешово.

Според градоначалникот на оваа општина, Горанчо Крстев, досега нема пријавено поголема штета. Најави дека во текот на денот со расположливата механизација ќе ги чистат каналите и наносите од врнежите.

0 Коментари

Остави коментари