Врнежи од снег во Маврово и на превоите Стража и Плетвар, нема пречки за сообраќајот
Foto

Врнежи од снег во Маврово и на превоите Стража и Плетвар, нема пречки за сообраќајот

Сообраќајот на државнита патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови коловозите се наместа влажни.

Автомотосојузот на Македонија информира дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово каде што наместа има остатоци од кашест снег.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

0 Коментари

Остави коментари