Врховниот судија Наќе Георгиев изведен пред судија на претходна постапка по што е во притвор

Судијата од Врховниот суд Наке Георгиев е изведен пред судија на претходна постапка како дел од процедурата која треба да ги потврди наводите на истрагата поради сомневање за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

За ова дело Георгиев не се товари сам. Од Основното јавно обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата соопштија дека е отворена истрага против две лица. За првоосомничениот судијата Георгиев, Обвинителството бара притвор, додека за второосомничениот, Иџет Мемети, доказите прибрани досега не нудат доволно законска основа и за него да се бара најстрога мерка за обезбедување присуство.

Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен на лице место во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка. Во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи “ - велат од ОЈО ГОКК.

Претходно, судскиот совет на итната седница му го одзема имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев со што се отвори патот за негов распит и евентуален притвор.

„Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на врховниот суд, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на врховниот суд поднесено од судија на претходна постапка на основниот кривичен суд скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на врховниот суд, до правосилно завршување на кривичната постапка.“ - велат од Судски совет.

Судијата на претходна постапка пред која е изведен врховниот судија георгиев, одлучува дали ќе го прифати предлогот за притвор.