Врховен го поништи разрешувањето на Стојанче Рибарев

Врховниот суд ја прифати жалбата на својот разрешен колега, Стојанче Рибарев и ја укина одлуката што ја донесе Судскиот совет на 14-ти јули за негово разрешување и одалечување од работното место, соопшти Врховниот суд.

Според процедурата, постапката сега пак се враќа во Судскиот совет и тој пак ќе одлучува дали Рибарев ќе биде пак разрешен.

На оваа одлука на судскиот совет, тој нема право на жалба. Рибарев беше разрешен поради злоупотреби во Акмис системот, а со негова интервенција, поранешниот премиер Никола Груевски се баранеше од слобода додека му се судеше за неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство.