Врие во синдикатите, дали колективен договор за јавниот сектор ќе биде решение за платите и одливот на кадар
По одржувањето на средбата на социјално економското тело на која се дискутираше за нацрт законот во јавниот сектор и колективните договори. Според синдикатите, нацрт-законот за систем за плати не е системско решение.
Забелешки имаат и работодавачите кои сметаат дека висината на платите во јавниот сектор мора да се усогласи со порастот на платите во приватниот сектор. Синдикалците велат дека покачување на платите немало од 2016-тата година зголемувањето на сумите во платите доаѓа само од прагот за минимална плата.
Се крева гласот на синдикалните организации а најкритично е во секторите здраство и полиција.
Од синдикалните организации во здраството велат дека не може техничкиот персонал зема плата иста колку и една главна сестра мора да се гледа и тоа каква одговорност се има на работната позиција. Инаку од за тв 24 брифираат дека денес попладне треба да се сретнат со министерот за здраство средба на која ќе се разговара за платите колективниот договор и одливот на кадарот од земјава.
Газдите на компаниите пак излегоа со ново барање односно од Стопанската комора на Северозападна Македонија побара нови мерки од Владата во насока на ублажување на одливот на работна сила во регионот т.е да се намалат придонесите за плати и не мора да увезуваат работници од Непал и Турција.
- Приоритет треба да биде либерализација на трудот со некои земји од регионот, бараме либерализација и со Косово. Да се зголемат квотите, имаме недостиг на работна сила во хотелиерството, туризмот и градежништвото. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале 15.000 студенти.
Вавите незадоволства доагаѓаат откако работната сила треба да се исплаќа во износ од 20 175 денари нето плата со што се крева гласот кај синдикалците.