Врие во образованието - предметот историја пак ги зоврива страстите
Foto

Врие во образованието - предметот историја пак ги зоврива страстите

Министерката за образование и наука, Мила Царовска притисната од страна на сенатот на УКИМ и средношколците. Мнозинство матуранти од утре најавија бојкот на наставата.

Од МОН не се подготвени за соработка за барањето на матурантите да полагаат два предмети, наместо четири на државната матура, па бојкотот на наставата е неминовен., истакна за ТВ 24, претседателот на средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи.

По најавениот бојкот, директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска изјави дека искочиле во пресрет на средношколците со тоа што ги скратиле испитните содржини за државниот испит.

Бевме сведоци на многу матуранти минатата година кои не можеа да се запишат на универзитети во светот и Европа поради тоа што немаше државна матура, затоа оваа година сите што сакаат да продолжат во високо образование ќе мора да го полагаат матурскиот испит- истакна Царовска.

Денеска е последниот рок каде по електронска пошта може да се испратат коментари, предлози и сугестии за Нацрт концепцијата за основното образование која е поставена на веб страницата на МОН. Во низата пак остри реакции за Нацрт концепцијата се приклучи и Сенатот на УКИМ.

„Избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, можат да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици. На вонредната седница, сенаторите упатија бројни и сериозни забелешки на Нацрт-концепцијата за основно образование.“ - соопштија од Сенатот на УКИМ

Сите забелешки ќе бидат земени во предвид, нормално е да има различни ставови- истакна Царовска.

Досега се стигнати 30 предлози за подобрување на Нацрт концепцијата, и од УКИМ и од сите засегнати професори кои имаа забелешки. Од МОН посочија дека ќе бидат разгледани, а потоа ќе излезат со став кои се прифатливи, а кои не.

0 Коментари

Остави коментари